Бектеши: Финансиска поддршка од два милиони денари за мерки за заштита на потрошувачките права

 Министерството за економија објави јавен повик за доделување финансиски средства за реализација на проект на здруженијата на потрошувачите. За оваа намена се предвидени вкупно два милиони денари од буџетот на Министерството за економија. Рокот за аплицирање за средствата е до 25 март.

-Основната цел на нашата политиката за заштита на потрошувачите е унапредување и заштитата на правата на потрошувачите преку подобрување на законодавството, подобра информираност и едукација на потрошувачите, советување, едукација и дирекна финансиска подршка на невладиниот сектор-здруженија за заштита на потрошувачите за подигање на потрошувачката свест и култура на национално и локално ниво. Министерството за економија како надлежно министерство за заштита на потрошувачите ги следи политиките на Европската Унија.Во таа насока се и мерките кои што оваа година ќе ги спроведуваме во Програмата за заштита на потрошувачите, напиша на својот фејсбук-профил министерот за економија Крешник Бектеши, по повод Меѓународниот ден на заштитата на правата на потрошувачите -15 март.

Оваа година средствата од Програмата за заштита на потрошувачите на Министерство за економија, според јавниот повик, ќе се насочат на: презентација на одредбите од новиот Закон за потрошувачи, подготовка и промоција на брошура и летоци за правата на потрошувачите, презентација на анализа за состојбата во однос на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, поддршка на невладините организации за заштита на правата на потрошувачите и координација  на активностите за надзор и зајакнување на соработката помеѓу институциите вклучени во заштитата на потрошувачите и поддршка на невладиниот сектор за обезбедување информации и помош за потрошувачите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот