Бектеши: Економско јакнење на жените преку создавање на поволна бизнис клима

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на Регионалниот бизнис форум за жени претприемачи од Западен Балкан истакна дека Стратегијата за развој на женското претприемништво изготвена во Министерството за економија со Акциски план кој ќе се имплементира во периодот 2019 – 2023 година, има за цел економско јакнење на жените преку создавање на поволна бизнис клима и обезбедување поддршка за развој на нивниот претприемнички потенцијал, истовремено придонесувајќи кон развојот на постоечките и отворање на нови претпријатија, креирање на нови работни места, а со тоа и јакнење на целокупната економија.

– За имплементација на Стратегијата, Министерството за економија носи годишна Програма за конкурентност, иновации и претприемништво, во која годинава само за оваа цел се обезбедени 2.500.000 денари, а се субвенционираа претпријатија во сопственост на жени и управувани од жени, преку кофинансирање на 60 отсто од докажаните трошоци направени за набавка на опрема и алати, уредување на деловниот простор и воведување на софтверски решенија, информираше Бектеши.

Додаде дека Јавниот повик е активен од месец февруари и дека жените претприемачи може да аплицираат до конечно исцрпување на средствата, но истовремено имаат можност да аплицираат и за сите останати мерки од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво, која има обезбеден буџет од 53 милиони денари.

Директорката на Европска банка за обнова и развој за Северна Македонија Анка Јонеску истакна дека програмата е пласирана во октомври 2014 година и има за цел да го промовира женското претприемаштво, да го подобри пристапот до финансирање и консултантски услуги, како и да даде поддршка на микро, малите и средни претпријатија од Западен Балкан кои се управувани од жени.

– Денеска посетивме неколку компании кои ги искористија придобивките од Програмата за жени претприемачи од Западен Балкан, благодарение на континуираната поддршка на донаторите, на овој начин ќе се зајакне женското претприемништво, економиите во регионот, а со тоа ќе го забрзаме процесот на интегрирање на Западен Балкан во Европската Унија, истакна Маја Коистра, главен менаџер во ЕБРД за мали бизниси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот