Бектеши: ДУИ останува на ставот дека е потребен консензус за датумот за избори

Крешник Бектеши

Ќе ги следиме препораките на епидемиолозите, а јавноста ќе биде информирана за последниот став на партијата или ако има лидерса средба, рече Бектеши.

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска, во својство на партиски функционер, соопшти дека ДУИ принципиелно останува на ставот – датумот за избори да се донесе со консензус.

– Ставот на ДУИ е конзистентен и принципиелен од почетокот кога се отвори темата за одржување на изборите во јуни или јуни. Подготвени сме и наредната недела да одиме на избори, но треба да ги имаме предвид препораките од Комисијата за заразни болести и ситуацијата со бројот на заразени. Принципиелно сме кажале дека датумот треба да се донесе со консензус. ДУИ останува на тој став. Ќе ги следиме препораките на епидемиолозите, а јавноста ќе биде информирана за последниот став на партијата или ако има лидерса средба, рече Бектеши, одговорајќи на новинарско прашање во врска со денешната изјава на Спасовски дека изборите треба да се одржат на 5 јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот