20.8 C
Скопје

Бектеши – Џентолини: Имплементацијата на Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан е клучот за пост-ковид заздравување на економијата

Министерот за економија, Крешник Бектеши, кој престојува во неколкудневна посета на Брисел, на денешната средба со еврокомесарот за економија Паоло Џентолини порачал дека имплементацијата на Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан е клучот за пост-ковид заздравување на македонска економија.

– Очекуваме многу нови иницијативи и проекти за создавање посилни врски и мрежи со Европската унија, истакнал Бектеши на средбата.

Тој го информирал евроамбасадорот за реализацијата на приоритетните проекти на земјава во рамки на Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан, како и за приоритетите на Северна Македонија со претседавањето со ЦЕФТА и поставените цели за олеснување на трговијата, транспортот и поврзаноста на земјите од Западен Балкан кои произлегуваат од Берлинскиот процес.

– Заедничкиот став со Европската унија е дека подоброто поврзување на економиите на Западен Балкан во рамките на регионот и со ЕУ бара силна посветеност од Западен Балкан за спроведување на темелни реформи, продлабочување на регионалната економска интеграција и развој на заеднички регионален пазар врз основа на законодавството на ЕУ со цел да се направи регионот е поатрактивна област за инвестиции. Со планот за обнова и трансформација на европската економија преку Фондот за закпрепнување приоритет ќе бидат инвестиции во зелена економија, дигитализација и пост-ковид закрепнување, соопшти Министерството за економија.

На средбата, како што се наведува, било нотирано дека Северна Македонија е пример во Западен Балкан за напредок на реформите во царинската политика.

Поврзани вести

Состојбата му е сериозна: Четиринаесетгодишно момче од Загреб испило литар вотка и завршило во болница

Катерина Стевовска

ВИДЕО | Заев: Ја враќаме довербата меѓу македонскиот и бугарскиот народ

Слободен печат

СЗО: Делта сојот полека станува доминантен во светот

Слободен печат

ВИДЕО | Ѓорчев: Бугарија има проблем со реалноста за постоењето на македонската нација и македонскиот јазик

Слободен печат

Санкционирани 83 возачи на автопатот Скопје – Велес поради брзо возење

Слободен печат

ВИДЕО | Трагедија во Перу: Во автобуска несреќа загинаа 17 патници

Слободен печат

Остави Коментар