Бектеши: Ако брзо ја надминеме енергетската криза ќе имаме година на економски бум

Крешник Бектеши
Крешник Бектеши / Фото: Скриншот, Фејсбук

Тековнава 2022 година ќе биде рекордна година во делот на капитални инвестиции и ќе имаме економски бум доколку во првиот квартал се надмине енергетската и економската криза, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-Предлогот на министерот за финансии Фатмир Бесими е 14,5 отсто од Буџетот да се искористат за капитални инвестиции и затоа најверојатно ќе биде година на економски бум ако во првиот квартал се надмине енергетската и економската криза, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање при денешната посета на општина Сарај.

Заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи, пак , истакна дека како Влада и Министерство за транспорт и врски се задоволни од инвестициите што се реализирани во 2021 година, имајќи ги во предвид сериозните предизвици со кои се соочивме како што е пандемијата која влијаеше и на капиталните инвестиции.

– Како Министерство за транспорт и врски имавме реализација над 64 отсто од капиталните инвестиции односно 92 отсто од основниот буџет на Министерството. Без разлика на предизвиците ќе направиме сериозни напори како Влада и Министерство да реализираме што повеќе капитални инвестиции, рече Реџепи.

Како Министерство, посочи, имавме сериозни инвестиции во инфраструктурата во однос на проекти од фекалната канализација, водоводните мрежи и патната инфраструктура кои биле заедно финансирани и кофинансирани од Министерството преку разни програми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот