Бекот на Ливерпул призна дека топката го погоди во раката

принтскрин

Екипата на Ливерпул ја оствари најголемата и најважната победа сезонава во Премиер лигата, откако со 3:1 беше поуспешна од актуелниот шампион Манчестер сити.

Сепак, долго ќе се зборува за дербито во Премиер лигата, но не поради играта и резултатот туку поради судиските одлуки кои директно влијаеја на резултатот. Во два наврати дефанзивецот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд играше со рака во сопствениот шеснаесетник но главниот судија  Мајкл Оливер и неговите асистенти во ВАР просторијата не се огласија.

По првото играње со рака, Ливерпул веќе в следниот напад постигна гол, додека во вториот случај, Ливерпул имаше водство од 3:0.

– Со причина постои ВАР. Мислам дека топката ме погоди во раката, но мислам дека прво го погоди и Бернардо Силва – изјави Александер-Арнолд кој не сакаше да зборува за втората ситуација.

Очекувано, по средбата разочаран од судиите беше менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола.

– Одигравме добро н На овој стадион, во ваква атмсофера, против најдобриот тим во Европа и се покажавме во одлично светло. Горд сум на мојот тим повеќе од било кога. Не сакам да зборувам за одлуките на судиите, тоа е до нив. Знаеме дека тимовите овде играат тешко поради големата почит кон „Енфилд“.Имаме уште седум месеци до крајот на првенството. Доколку Ливерпул дојде до титулата, јас ќе бидам првиот што ќе им честита – изјави Гвардиола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот