Беќировиќ тврди дека лидерите на БиХ се повлекуваат: Од 2022 година ќе ги нема Додик, Изетбеговиќ и Човиќ

Зијад Беќировиќ, директорот на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии, вечерва на Н1 рече дека по изборите во 2022 година, во Босна и Херцеговина нема да ги има тројцата лидери: Милорад Додик, Бакир Изетбеговиќ и Драган Човиќ.

Според неговите зборови, актуелните лидери на најголемите партии во БиХ се предупредени да не се кандидираат.

„Некои веќе се предупредени да не се кандидираат. Не се така млади, можеби ќе најдат некои здравствени причини. Мислам на овие тројца: Милорад Додик, Бакир Изетбеговиќ и Драган Човиќ. Од 2022 ќе ги нема на сцената. Нив им е тоа многу јасно сугерирано, ако не послушаат, има начини. Прашајте ги кој им го има кажано тоа“, порача Беќировиќ.

Тој истакна дека овие лидери надвор од границите на БиХ „на никого ништо не значат“ зборувајќи за слабата и бавна реакција на властите за набавка на вакцини против коронавирус.

„Тие ништо не значат и само во овој контекст можат да значат. Надвор од границите на БиХ, тие на никого ништо не значат. Оваа тројка на лидери, од 2022 година нема да ја има на политичката сцена“, истакна тој.

Извор: Ослобоџење.ба

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот