Бекир Асани после 18 години остана без ниту една партиска функција во ДУИ

Фото: Фехсбук

После 18 години непрекинати активости во ДУИ, од кои повеќе од 10 години стоеше на чело на огранокотна ДУИ во скопски Чаир, Бекир Асани е разрешен од сите партиски функции, велат партиски извори.

Тој веќе не фигурира ниту во едно партиско тело во партијата. Нашите извори велат дека ова ќе значи и негово збогување со политиката. Додаваат дека Асани сега најверојатно ќе се посвети на бизнисот.

Без партиска функција, после денешниот конгрес/ остана и најдолговечниот вицепремиер од редовите на ДУИ, Муса Џафери. Поради блискоста со Ахмети се очекуваше тој да добие некоја помала партиска функција, но староновиот претседастел, за да амортизира поголем бунт на приврзаниците на предводникот на военото крило на ДУИ Хазби Лика, го оставил Муса Џафери без ниту една партиска функција.

Нашите извори тврдат дека сепак Ахмети не се откажал така лесно од Џафери и како негов близок човек и понатаму ќе остане влијателен во партијата, особено за кадровската политика.

Неодамна откако Хазби Лика ја изгуби позицијата заменик премиер во извршната власт, остана и без партиска функција. Лика беше вицепремиер за спроведување на Рамковниот договор, кој долго време не доаѓаше на работа.

Инаку Бекир Асани и е добро познат на македонската јавност по многубројни инциденти. Меѓу нив нападот врз новинарот, Лирим Дулови во 2008 година, демолирањето на споменикот на цар Душан во 2013 година, нападот врз Тодор Петров во 2016 година и нападот врз полицајката во 2018 година, кога според МВР, таа раскажала дека не Асани, туку самата се удрила во „пајакот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот