Беким Сали ќе биде министер за здравство, Алтернатива одлучи кој ќе седи во државните фотелји

Фото: МИА

Централното претседателство на Алтернатива вечерва на седница ги утврди функционерите кои ќе ги заземат државните функции според договорот за влез на партијата во владата.

За потпретседател на Собранието ќе биде предложен Хисни Исмаили, за министер за здравство Беким Сали, за министер за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и за министер без ресор одговорен за дијаспората Џемаил Чупи. За заменик-министер за образование и наука е предложен Љуљзим Алиу, а заменик-министер за култура Даим Лучи.

На Централното претседателство се утврдени и имињата на неколку директорски позиции. За директор на МЕПСО е предложен Орхан Муртезани, за директор на Клиничката болница во Тетово, Амир Елези, директор на ПИОМ, Дритан Беџети, директор во АД „Железници на Македонија – Транспорт”, Мубекир Палоши, за директор на Управата за водење матични книги Блерим Абази и за директор на Агенцијата за странски инвестиции е предложен Беким Емини.

– На седницата беа избрани и носителите на некои други јавни институции, кои ќе бидат објавени деновиве, информираат од Алтернатива.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот