Бекер знае кое трио е најголемата закана за Ѓоковиќ на „УС Опен“

Новак Ѓоковиќ/фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Славниот поранешен германски тенисер, Борис Бекер е убеден дека Новак Ѓоковиќ најмногу ќе се запраша кога е во прашање трофејот на претстојниот грен слем турнир, „УС Опен“.

За Бекер нема дилеми кој е најголем фаворит на последниот грен слем во сезоната кој ќе стартува во понеделник.

– Новак е првиот во светот, победник на три слема сезонава. Доколку Новак не е првиот фаворит за овој турнир, тогаш кој е? Да, точно е дека не одигра ниту еден подготвителен турнир на тврда подлога, но тој е многу искусен и добро го познава своето тело. Што се однесува до спортската страна, има неколку играчи кои многу ми се допаѓаат – рече Бекер.

Германецот знае дека најголема закана за српскиот тениски ас ќе биде триото Александар Зверев – Стефанос Циципас – Данил Медведев.

– Зверев е на самиот врв на листата на фаворити, тука е секако и Циципас. А исто така и Медведев кој игра прекрасно, задоволство е да се гледа. Никогаш не знаеш што точно ќе се случи, мислам дека и тој не знае. Ѓоковиќ е мојот прв фаворит, потоа Зверев, Медведев трет и Циципас четврти – предвидува Бекер.

Дали на некого му се допаѓа или не, Ѓоковиќ ќе биде најдобар на сите времиња

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот