Бекер остро по Кирјос: Треба да замолчи, се претвори во звучник

Германската тениска легенда Борис Бекер/Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Поранешниот грен слем шампион, Борис Бекер повторно го коментира однесувањето на австралискиот тенисер, Ник Кирјос.

Ник Кирјос за време на пандемијата на коронавирусот се претвори во дежурен критичар на своите колеги.

Кирјос: Ставете ме на местото на Ѓоковиќ – колку години јас ќе бев казнет?

Први на удар на Кирјос се Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, но за време на пандемијата и случувањата со „Адриа тур“, на пик го зеде српскиот тенисер и постојано упатуваше критики. Истото се случи и по дисквалификацијата на Ѓоковиќ од УС опен.

Ѓоковиќ дисквалификуван од УС Опен! (ВИДЕО)

Потоа Кирјос го нападна двојниот полуфиналист од УС Опен, Пабло Карењо Буста за кого смета дека „нема да биде во топ 50 доколку не се игра на земјени терени“, иако најдобрите резултати на Шпанецот се на бетонска подлога.

Поранешниот тренер на Ѓоковиќ и грен слем шампион, Борис Бекер, му порача на Кирјос да замолчи.
Ник Кирјос едноставно треба да замолчи. Тој се претвори во звучник. Ги критикува останатите тенисери, а тој ништо не прави. Не познавам ниту еден таков спортист – изјави Бекер.

Војна на зборови помеѓу Бекер и Кирјос: Кој „цинкари“, а кој е идиот

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот