Бекер не може да го замисли Австралија Опен без Новак

Борис Бекер три години му беше главен тренер на Новак Ѓоковиќ/ фото: EPA-EFE

Поранешниот грен слем шампион Борис Бекер му порача на Новак Ѓоковиќ дека ќе мора да прими вакцина против коронавирус доколку сака да ја брани титулата на Австралија Опен.

Ѓоковиќ не сака да открие дали е вакциниран или не, дури ниту кога организаторот на првиот грен слем во годината официјално соопшти дека токму тоа е условот на турниртот.

– Не можам да замислам дека Новак нема да игра во Австралија. Тој толку многу го сака овој спорт, ја сака историјата на тенисот. Сака да го освои 21. грен слем трофеј во кариерата. На Австралија Опен има најголеми успеси, дури девет пати победи во Мелбург, па зошто да не победи и по десетти пат – вели Бекер кој ја разбира одлуката на Ѓоковиќ да не зборува јавно за тоа дали е вакциниран или не.

– Новак вели дека прашањето околу вакцинацијата е приватна работа и се согласувам со тој став. Но, доколку сака да учествува на турнири, тогаш мора да ги почитува правилата кои се јасни. Тоа значи дека ќе мора да вакцинира, како и сите други кои сакаат да играат во Мелбурн – додава Бекер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот