Бекер: Младите тенисери немаат м***ња за големи победи

твитер

Поранешниот грен слем шампион и екс тренер на Новак Ѓоковиќ се обиде да одговори зашто помладите тенисери не успеаваат да освојат грен слем титула.

Новак Ѓоковиќ со триумфот на Австралија Опен ја продолкжи доминацијата на големата тениска тројка на најголемите турнири. Триумфот во Мелбурн беше 13. по ред триумф на грен слем турнир на кој пехарот го креваат Ѓоковиќ, Рафаел Надал или Рожер Федерер.

За неверојатната доминација на големата тениска тројка доволно говори податокот што тие досега имаат освоено вкупно 56 грен слем титули. Следните пет тенисери на листата на освојувачи на највеќе грен слем титули, Пит Сампрас, Бјорн Борг, Андрер Агаси, Борис Бекер и Род Лејвер заедно имаат освоено 51 трофеј.

Во ерата на големата тројка, од 2008 година па досега единствено Енди Мареј, Станислас Вавринка, Марин Чилиќ и Хуан Мартин дел Потро успеваа да освојат титула на еден од четирите најголеми турнири.

Затоа пак, младата генерација која ја предводат Александер Зверев, Доминик Тим, Данил Медведев, Стефанос Циципас и останатите се уште се далеку од триумф на еден грен слем турнир.

– Тоа што им недостасува на младите играчи се м***ња. На мојот јазик тоа се кажува и поинаку. Тие мислат дека се е до тенисот. Тука грешат бидејќи, станува збор за нивниот став и пристап. Нормално дека сите сакаат да видат како младата генерација ја победува големата тројка. Не е убаво за тенисот да гледате како Федерер на 45 години победува на турнири двојно помлади тенисери од него. Затоа мора да бидеме критички настроени кон младите за да ги протресеме и да ги разбудиме – смета Бекер.

Уште една тениска легенда, Џон Мекинро, има слично мислење како и Бекер.
– Гледате играчи како Рафаел Надал на кого секоја топка му е важна, додека кај младите не ја гледаам таа страст во секој поен. Овие тријца, Надал, Федерер и Ѓоковиќ се најдобрите тенисери во историјата и тоа е дел од проблемот. Тие и како ветерани со 30 и повеќе години се подобри од останатите. Тоа е нешто од што не можете да избегате, тие се неверојатни шампиони – вели Мекинро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот