Поранешниот германски тенисер Борис Бекер е импресиониран од настапот на Ник Кирјос на „Австралија опен“ и предвидува дека Австралиецот ќе освои барем еден „Вимблдон“.
Кирјос во Мелбурн на домашен терен беше елиминиран во третото коло откако го испушти водството од 2:0 против Австриецот Доминик Тим.
– Имавме несогласувања во минатото, но морам да признам дека сум импресиониран од неговиот став на теренот. Мечот против Тим беше еден од најдобрите на турнирот.
И натаму мислам дека има капацитет да освои барем еден „Вимблдон“. Со таков сервис и сила на ударите..Сè зависи од него – вели Бекер кој своевремено му беше тренер на првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ.
Досега Кирјос на грен слем турнирите двапати доаѓаѓе до четвртфиналето, на „Вимблдон“ во 2014 година, како и на Отвореното првенство на Австралија во 2015? Дали можеби е подготвен за следниот чекор?
Неверојатни бројки на Ѓоковиќ во триумфот на Австралија Опен