Бекер ќе остане на улица, целиот имот оди на аукција

Борис Бекер се наоѓа во големи проблеми и во најскоро време ќе остане без целиот имот, па дури и без трофеите кои ги освои во текот на активната кариера.

Поранешниот најдобар тенисер на светот, должи дури 61 милион евра, пренесува германскиот „Бунте“.
Бекер од поодамна прогласи банкрот по пропаѓањето на голем број инвестиции, а најголеми загуби имаше во бизнисот со нафта во Нигерија каде според шпекулациите изгубил повеќе од 100 милиони евра.

Поради тоа неговиот имот и личните работи ќе бидат ставени на аукција, а процената на запленетата вредност ќе ја направи аукциската куќа “Вајлс Харди“.
Борис Бекер кој моментно работи во тениската федерација на Германија, веќе остана без четири скапоцени часовници. На аукцијата ќе се најдат и шесте грен слем трофеи кои ги освои Бекер за време на активната тениска кариера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот