-1 C
Скопје

Бекер ја откри најслабата точка во играта на Ѓоковиќ (ВИДЕО)

Легендарниот Германец речиси четири години му беше тренер на првиот тенисер на АТП ранг листата.

Борис Бекер за време на еден тренинг во неговата тениска академија им откри на младите тенисери за единствената мана во играта на Новак Ѓоковиќ.

– Ќе ви откријам една тајна. По мое мислење и тоа можам да го кажам бидејќи сум негов пријател. Знаете ли кој според мене има најслаб смеч од сите топ 100 тенисери на светот – ги запраша Бекер, младите тенисери.
Новак Ѓоковиќ – одговорил еден од двајцата ученици на Бекер.

– Точно. Вие не можете да замислите колку го вежбавме тој елемент од играта. Тоа е во неговата глава. Тој мисли дека топчето доаѓа кон него и сака да направи така како што замислил, сака да скокне. Јас постојано му велев: Остави нега биде едноставно, само освои го поенот – открива Бекер.

Прочитајте и...  Ањели: Фудбалот ќе загуби околу 8.5 милијарди евра

Борис Бекер му беше главен тренер на Новак Ѓоковиќ од 2013 година до 2017 година и заедно освоија шест грен слем титули.

Поврзани вести

Футсал: Босанците сакаат победа против Македонија

Слободен печат

Сензација на „Олд трафорд“, фенерџијата го сруши Јунајтед

Слободен печат

ВИДЕО: Јувентус си обезбеди полуфинална пресметка со Интер во италијанскиот Куп

Слободен печат

Европскиот и светскиот првак ќе играат меѓу себе, Франција по продолжението во полуфинале

Слободен печат

Реми на Тухел на дебито на клупата на Челси

Слободен печат

Озил ги фрли Турците во транс: Никогаш повеќе Бундеслига, никогаш повеќе Германија

Слободен печат

Остави Коментар