Бекер и Руне ја продолжуваат соработката и во 2024 година

Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Борис Бекер ќе биде тренер на данскиот тенисер Холгер Руне и во наредната сезона.

Според информациите на германскиот медиум „Ekstra Baldet“, Германецот и младиот тенисер одлучиле по пробниот период во финишот на оваа сезона да продолжат заедно и во 2024 година.

Ваквата одлука може да се каже и дека е очекуван со оглед дека искусниот Бекер имаше прилично добар старт во работата со младиот тенисер.

Информацијата ја потврди и мајката на Руне, Анека.

„Се радуваме што ќе ја продолжиме добрата работа и во предсезоната на 2024 година. Воодушевена сум што конечно пронајдовме нешто што Холгер го прави среќен и што му овозможува да се развие така што може да ги постави своите цели и да освојува грен-слем титули“, порача Анека.

Бекер и Руне ја започнаа соработката во октомври минатата година по негативната серија на младиот тенисер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот