Бекер: Ѓоковиќ се третира поинаку од Федерер и Надал, тоа е неправедно

Нова неправда кон првиот светски рекет,Новак Ѓоковиќ/Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Борис Бекер вели дека Новак Ѓоковиќ не ја добива почитта што ја заслужува од многу фанови и медиуми, за разлика од другите членови на големата „тројка“, Рожер Федерер и Рафаел Надал.

Германската тениска легенда исто така смета дека првиот светски рекет немал намера да учествува на Олимписките игри во Токио и почна да размислува за постигнување прво златен, а потоа календарски слем дури по титулата „Ролан Гарос“ и на крајот тензијата ескалираше.

– Никогаш порано не сум го видел Новак како плаче на теренот. Очигледно, тој навистина ја достигна својата емоционална граница, па дури и ја надмина. Веројатно секој ден по „Вимблдон“ го прашаа дали ќе успее да го постигне календарскиот слем и да стане рекордер по грен слем титули.

Ова на крајот го скрши. Неговото интервју после мечот беше во центарот на вниманието. Со солзи во очите, тој им кажа на фановите во Њујорк дека ова е најсреќниот ден во неговиот живот бидејќи конечно се чувствува почитуван и сакан.

Вујкото на Надал тврди: Поразот на Ѓоковиќ во Њујорк највеќе им одговараше на Рафа и на Рожер

И ова се случува во денот кога не успеа да ја искористи можноста да направи нешто историско – рече Бекер во студиото на „Еуроспорт Германија“.

Бекер верува дека Ѓоковиќ добива многу понегативен став од повеќето медиуми и фанови отколку неговите големи ривали – Рожер Федерер и Рафаел Надал, и е категоричен дека ова е нефер.

– Го познавам Новак и лично и професионално, па можам да кажам дека тој е одлична личност. Понекогаш го губи трпението и не се однесува на најдобар начин, но кој спортист не го прави тоа? Јавноста и медиумите мора да прифатат дека не постојат двајца, туку тројца од најголемите, кои имаат неверојатни квалитети и како спортисти и како поединци. За мене е неприфатливо што Ѓоковиќ е секогаш лош, а Надал и Федерер секогаш добри. Неправедно е. Се надевам дека по овие две недели во Њујорк, неговиот говор по финалето и реакциите на публиката, луѓето ќе почнат поинаку да гледаат на Новак – додава поранешниот број 1 во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот