Бекер: Ѓоковиќ не ги прекрши правилата, сè направи професионално

Борис Бекер три години му беше главен тренер на Новак Ѓоковиќ/ фото: EPA-EFE

– Да не го добиеше ослободувањето порано, сигурен сум дека немаше ни да лета за Австралија – вели легендарниот Германец.

Поранешниот најдобар тенисер на светот, Борис Бекер, застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ, кој се соочува со депортација од Австралија, откако не доби виза за влез во земјата.

Во интервјуто за радио „Би-би-си лајв“, поранешниот тренер на српскиот ас вели дека сè било направено според прописите.

– Новак имаше медицинско ослободување, заедно со уште пет тенисери од жрепката. Тој направи сè во согласност со Австралија опен, професионално. Не прекрши никакви правила, му беше дозволено да игра, а тоа ги повреди оние Австралијци кои година и пол не можеа да ги видат своите најблиски.

Го разбирам гневот на австралиската јавност, но морам да застанам во одбрана Ѓоковиќ, бидејќи без лекарско ослободување тој сигурно немаше ни да лета за Австралија – рече Бекер.

Дали Ѓоковиќ ќе ја брани шампионската титула на грен слем турнирот Австралија опен во Мелбурн ќе дознаеме во понеделник.

Надал: Ѓоковиќ ги знаеше условите, доколку сакаше, ќе играше на „Австралија опен“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот