Бекер ги предупредува тенисерите: Критиките дополнително го мотивираат Ѓоковиќ
Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер, ги предупреди играчите на УС Опен дека српскиот тенисер е екстремно мотивиран и тогаш е најдобар.
Во изминатите месеци, односно по фијаското со организацијата на „Адрија тур“ кога со ковид-19 се заразија Григор Димитров, Борна Чориќ, Виктор Троицки како и самиот Новак Ѓоковиќ, неговите конкуренти се натпреваруваа кој повеќе ќе го искритикува.
Бекер смета критиките нема да му наштетат на српскиот тенисер, туку само дополнително ќе го мотивираат, а за тоа дека е главен фаворит за трофејот покажа со триумфот на Мастерс Синсинати.
– Новак доби многу критики за време на паузата поради коронавирусот, но познавајќи го него, сега ќе биде дополнително мотивиран да ја освои титулата. Природно, тој е фаворит – смета Бекер.