Бекер без пардон кон младите: Ги интересираат само парите

Рафаел Надал со триумфот на Ролан Гарос стигна до 18. Гран слем титула и му се приближи на само две титули од најголемите тениски турнири од Роже Федерер. Со победата во Париз, Надал дојде до заработка од дури 109 милиони долари од тениските турнири во кариерата, и е само третиот тенисер по Федерер и Новак Ѓоковиќ кој заработил повеќе од 100 милиони долари од награди.

Поранешниот германски тенисер Борис Бекер, смета дека токму триото Ѓоковиќ, Федерер и Надал се последните вистински спортисти кои ги интересираат победите, додека кај младите тенисери сè се врти околу парите.

– На турнирите во јуниорска конкуренција сè се  врти околу парите. Доколку имаше 15 или 16 години и сте меѓу најдобрите на светот во своја конкуренција, многу брзо ќе добиете договор со големите производители на спортска опрема. Во моето време, парите ни беа на второто место, сакавме да играме за да победуваме – вели Бекер.

Според Германецот, приоритети на младите сега се сменети, тие по победите ги гледаат парите, а не титулите или спортското надигрување.

– Пристапот во денешно време и поинаков, нормално, и притисокот е поголем бидејќи наградата се зголемува по секое поминато коло. Повторувам, во моето време, ние игравме бидејќи сакавме да освојување титули, да бидеме подобро рангирани. Во денешниот тенис, само тројца играчи се гладни за натпреварување,  Федерер, Надал и Ѓоковиќ. Тие сакаат да играат еден против друг за да станат подобри и токму затоа се најдобрите тенисери во историјата и тоа ги одвојува од другите кои додека играат мислат само на заработката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот