Бекер банкротираше, на продажба дури и чорапите
Славниот германски тенисер, Борис Бекер стави на аукција лични работи, трофеите и сувенири во вредност од 200.000 фунти кои му се потребни за да се спаси од банкрот и да ги исплати долговите.
На аукцијата се најдоа репликите на трофеите од Вимблдон, УС Опен и Дејвис купот, медали и облека. Исто така се продаваат и неговите тениски рекети, часовници, стегачи, па дури и чорапи.
Аукцијата која се одвива преку интернет ќе трае до 11 јули, а неа ја организираат стечајните управници. Борис Бекер во јуни 2017 година прогласи банкрот.
Аукцијата за продажба на неговите лични работи требаше да се организира претходно, но тогаш Бекер се спаси бидејќи во судскиот спорт се повика на димпломатски имунитет. Тој на судот во Лондон му потврди дека е поставен за аташе за спорт и култура на Централноафриканската Република.