Беќаровски: Да се лежи од 23 март во приватна болница од „превентивни причини” е одраз на „христијанска скромност” на нашите владици

Доктор Нико Беќаровски/ Фото: Архива на Слободен печат

„Да се лежи од 23 март во приватна болница од “превентивни причини” е одраз на “христијанска скромност” на нашите владици. Човекот кој јавно ме прекори дека вистински верник, не може да заболи од Корона, сепак и самиот се разболе“, пишува докторот Нико Беќаровски на својот Фејсбук профил, откако вчера беше објавено дека владииците Петар и Владиката Агатангел се на болничко лекување во Систина, откако добиле позитивен тест на ковид-19.

„Јас ќе му посакам што побрзо КОМПЛЕТНО оздравување и конечно да започне да шири верба, а не недоверба кон апелите од здравствените работници“, дополнува докторот.

Владиката Петар посочил дека не е на кислородна поддршка, но бил хоспитализиран од 23 март, поради превентива за можни компликации.

Сега се чувствувал добро, но го чека негативениот тест за да си оди дома.

Според неговите информации во стабилна здравствена состојба е и повардарскиот митрополит Агатангел, кој е исто така хоспитализиран пред некој ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот