Бекам со еден потпис заработи 150 милиони фунти

Дејвид Бекам ќе биде амбасадор на Светското фудбалско првенство 2022 во Катар/Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Британските медиуми тврдат дека англиската фудбалска легенда Дејвид Бекам стана амбасадор на Светското првенство кое ќе се одржи следната година во Катар.

За еден потпис поранешниот играч на Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Милан и ПСЖ заработи 150 милиони фунти или околу 178 милиони евра.

Британскиот „Сан“ пренесува дека Бекам на почетокот на октомври бил една недела во Доха и потпишал 10-годишен договор според кој како амбасадор на Катар ќе добива по 15 милиони годишно – вклучувајќи ги туризмот и културата.

Бекам наводно се поврзува со катарските шеици уште откако играше за ПСЖ, а за конечната одлука прво мораше да се консултира со неговата сопруга Викторија.

Причината за такво нешто се однесува на строгите права на Катар околу ЛГБТ заедниците и правата на жените.

Домаќинот на Мундијалот во 2022 година ќе гради хотели на вода за навивачите, а алкохол ќе смее да се пие во посебни зони

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот