Бекам не е единствен газда на Интер Мајами, покрај него се синови на кубански агент на ЦИА, милијардер од Јапонија…

Мајами во актуелната сезона има фудбалски тим во американската МЛС лига, а за тоа главен виновник е Дејвид Бекам.
Поранешниот англиски репрезентативец е косопственик на Интер Мајами, тимот кој во првите натпревари не се прослави, загуби на двата дуели пред пандемијата на коронавирусот, а дебитантот во МЛС лигата загуби и завчера кога се продолжи сезоната.

Но, кои се сопствениците на дебитантот во МЛС лигата?
Бекам е само еден од петте косопственици и тој е најпопуларен, но во исто време е најтенок на финансиски план иако „Форбс“ оваа година процени дека тој „тежи“ 450 милиони евра.

Дејвид Бекам о Хорхе Мас/ фото: твитер

Останатите сопственици не се интересни за јавноста во САД поради нивното богатство туку поради начинот на кој се станаа милијардери.
Тоа се синови на кубански мигрант кој бил трениран за инвазија на Заливот на свињите, потоа Боливиец со диплома од Универзитетот Бентли кој се прослави со правење профит во милијарди долари на сопствениците на банките низ целиот свет и последен косопственик е вториот најбогат Јапонец кој во 2000 година загуби неверојатни 70 милијарди долари поради „милениумската бубачка“.

Кубанците се Хорхе и Хозе Мас, сопственици на неколку бизниси со недвижнини изградба на недвижнини кои имаат годишен обрт од дури 4.5 милијарди долари. Нивниот татко Хорхе Мас е меѓу првите Кубанци кои во 1960-тите години почнаа да работат за ЦИА и се наоѓа на потерница на комунистичката партија на Куба.
Тој станува милионер така што е првиот кој ги донесе телекомуникациските компании во Порторико. Починува во 1997 година, но бизнисот го продолжуваат и надградуваат неговите синови.

Боливиецот е Марсело Клаур кој е роден во Ла Паз, но тој денеска е американски државјанин и токму тој е најзаслужен што Дејвид Бекам е дел од проектот Интер Мајами.

Мајасоши Сон/ EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

Последниот косопстевник е 62-годишниот Масајоши Сон кој тежи 23 милијарди долари. Сон е занимаваше со интернет и банкарство, но со влезот во 21 милениум поради таканеречената „милениумска бубачка“ поточно преминот на 31.12.1999 во 1.1.2000 година тој губи невеорјатни 70 милијарди долари.

Сепак, Сон имаше доволно пари, поточно 20 милијарди долари за да вложи во Алибаба, интернет гигантот за онлајн продажба и да поврати дел од загубените средства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот