Бејтулаи: Треба подеднакво добро да напаѓаме и да се браниме

Репрезентацијата на Македонија на 13 јуни во Букурешт со почеток од 18.00 часот ќе го игра првиот натпревар против Австрија во рамките на групата „Ц“ од Европското првенство.

На денешниот брифинг со новинарите, одбранбениот играч на Шкендија Егзон Бејтулаи ги сподели очекувањата пред самиот почеток на шампионатот:

– Се чувствувам одлично што сум дел од оваа репрезентација која направи историски успех. Со нетрпение го очекувам почетокот на првенството. Се надевам дека во Букурешт ќе се претставиме во одлично светло и ќе успееме да ги израдуваме нашите навивачи.

Секогаш давав сè од себе, во младата репрезентација на Македонија до 21 година и во А репрезентацијата. Треба подеднакво добро да напаѓаме и да се браниме. Имаме одличен тим, подготвени сме за Евро 2020 – вели Бејтулаи.

Бејтулаи веќе знае како е да се биде едно Европско првенство, во 2017 година со младата У21 селекција настапува на континенталниот собир во Полска. Сезонава со тетовскиот клуб Шкендија успеа да ја освои титулата во Првата макеоднска фудбалска лига.

Тричковски: Во Кипар имав многу голови, тоа претставува дополнителен мотив за ЕП

ВИДЕО: Во „Пинг Понг стил“ – Македонија до четвртфинале, а Чешка ќе биде европски шампион!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот