Бејтулаи повторно во дресот на Шкендија (ВИДЕО)

twitter.com/ajansspor

Откако минатиот месец го раскина договорот со шведскиот Хелсингборг, македонскиот репрезентативец повторно е на домашната фудбалска сцена.

Егзон Бејтулаи одлучи да се врати во редовите на ФК Шкендија чии бои ги бранеше од 2013 до 2019 година.

Оваа информација официјално ја потврдија од тетовскиот клуб: „Се врати Бејтулаи“ и направија видео по повод неговиот камбек. Потпиша договор на три години

Иако знаев дека еден ден ќе се вратам еден ден, никогаш не знаев дека тоа ќе се случи толку брзо. Возбуден сум. Тетово и Шкендија се мојот дом, возбуден што се вратив во „црвено-црниот“ дрес – рече Бејтулаи.

Претходно на клупски план овој дефанзицец настапуваше и за составот на Тетекс.

Во текот на вчерашниот ден ФК Шкендија објави дека со екипата се разделија четири играчи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот