Бејтулаи го раскина договорот со шведскиот Хелсингборг

твитер

Македонскиот репрезентативец од лични причини ја донесе одлуката да го напушти клубот чиј дрес го облече во јануари годинава.

Како што пренесуваат шведските медиуми, Егзон Бејтулаи не е повеќе играч на Хелсингборг.

Македонскиот репрезентативец од лични причини ја донесе одлуката за раскин на договорот со шведскиот клуб за кој не успеа да запише ниту еден официјален натпревар.

Воедно поради пандемијата на коронавирус нашиот одбранбен играч не може да ја напушти Македонија каде што и моментно се наоѓа, исто така како една од причините за прекинување на соработката.

Во јануари годинава Бејтулаи потпиша договор на три години после успешниот период во редовите на Шкендија.

Од семејни причини, морам да бидам дома. За доброто на клубот, ова е најдоброто решение и не сум во можност да придонесам во начинот на кој сакам. Хелсингборг ја поддржа мојата одлука и драго ми е што дојдовме до решение. Не е секогаш како што планирате и се надевате, но му посакувам сè најдобро на клуботрече Бејтулаи.

Освен за Шкендија, претходно во периодот од 2011-2013 година бекот ги бранеше и боите на Тетекс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот