Бејрут: Демонстрантите влегоа во зградата на МНР

Анти-владини протести во Бејрут / 6 август 2020 / Фото: EPA-EFE/NABIL MOUNZER

Во експлозијата во пристаништето во Бејрут загинаа 158 лица, а беа повредени 5.000 лица и уништен дел од градот.

Неколку десетици демонстранти упаднаа во зградата на Министерството за надворешни работи во Бејрут, извикувајќи пароли против Владата, јавуваат светските медиуми.

Претходно полицијата фрли солзавец на демонстрантите кои се обиделе да се пробијат низ оградата за да стигнат до зградата на Парламентот во Бејрут за време на протестите поради владините реакции за експлозијата во градот.

Околу 7.000 луѓе се собраа на Плоштадот во центарот на градот, од кои некои фрлале со камења.

Демонстрантите извикуваа: „Луѓето сакаат режимот да падне”.

Во експлозијата во пристаништето во Бејрут загинаа 158 лица, а беа повредени 5.000 лица и уништен дел од градот.

Владата вети дека одговорните ќе ги изведат пред лицето на правдата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот