Бејл се врати во Реал иако ги исмејуваше „кралевите“! (ФОТО)

twitter.com/THEBEAT999FM

Велшкиот фудбалер Герет Бејл се врати во Реал мадрид, откако го исмејуваше со знаме после натпреварот во квалификациите и пласманот на Европското првенство 2020 година.

После тој меч, Велс со своите навивачи во Кардиф го прославуваше учеството на континенталниот собир. Тој момент го искористи првата ѕвезда на националниот тим, Герет Бејл кој зема едно знаме од велшките навивачи на кое пишуваше:

– „Велс. Голф. Мадрид. По тој ред“ – пишуваше на велшкото знаме.

Тоа знаме е одговор на критиките на поранешнот фудбалер на Реал, Предраг Мијатовиќ кој неодамна како стручен консултант изјави дека Бејл пред работата во Реал секогаш ги става репрезентацијата на Велс, па голфот.

Наместо да ја игнорира таа изјава, Бејл ја прифати и ја претвори во шега.

Имаше асистенција во клучната победа (2:0) против Унгарија за пласман на ЕП, а пред да им се врати на репрезентативните обврски, пропушти шест мечеви по ред на Реал, а како што соопшти клубот поради повреда.

Доколку Бејл не биде во составот в сабота за дуелот против Реал Сосиедад, тешко ќе поверуваме во објаснување за некаква повреда. Минатото лето, тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан рече дека сака да го продаде Бејл, но играчот не си замина иако не играше многу.

Соиграчите имаа забелешки на Бејл, бидејќи наместо на заеднички дружења, тој одбра да игра голф во слободното време. Исто така, навивачите се прашуваат до кога на „Сантјаго Бернабеу“ ќе го трпат однесувањето на Бејл и исмејувањето на клубот, кој го плаќа 15 милиони евра годишно.

Велшкиот интернационалец во 2013. година од Тотенхем се пресели во Реал за тогаш рекорден трансфер од 100 милони евра. Постигна некои спектакуларни голови, но повредите и долгите паузи го оддалечија од терените.

Британските медиуми шпекулираат дека Бејл би можел да се врати во Тотенхем, откако Жозе Мурињо стана менаџер на тој клуб. Мурињо во 2017. година, кога го тренираше Манчестер јунајтед, рече дека го посакува Бејл во екипата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот