Бејл повторно ги налути навивачите на Реал Мадрид

twitter/Talking THFC

Велшката фудбалска ѕвезда не беше дел од екипата на Зинедин Зидан за средбата, иако не беше соопштено дека добил друга повреда.

Реал Мадрид го заврши настапот во Кралскиот куп уште во четвртфиналето откако на својот „Бернабеу“ загуби од Реал Сосиедад со 3:4.

Како што информира „АС“, Герет Бејл во 82. минута го напушти теренот и не го догледал мечот Според „АС”, велшкиот репрезентативец го напуштил стадионот во 82 минута и не го догледал до крај мечот на своите соиграчи.

Бејл не беше дел од екипата на Зинедин Зидан за средбата, иако не беше соопштено дека добил друга повреда.

Ова не е првпат 30-годишниот Велшанец да си дозволи да не догледа натпревар на Реал до последниот свиреж. Тој си заминал порано пет пати оваа сезона.

Ваквото однесување не им се допаѓа на навивачите, бидејќи тие ова го перцепираат како непочитување кон Реал.

Сезонава Бејл има „само“ 15 натпревари во шпанската Ла Лига, Лигата на шампионите и „Копа дел Реј“ со вкупен учинок од три голови и две асистенции.

Претходно се шпекулираше дека Бејл би можел да се врати во својот поранешен клуб Тотенхем или да направи трансфер во редовите на Манчестер јунајтед.

Неговиот договор со мадридскиот гигант е до лето 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот