Бејл одлучи каде ќе ја продолжи кариерата

EPA-EFE/Juan Carlos Hidalgo

Герет Бејл нема намера да си оди од Реал Мадрид иако никој во клубот, од претседателот Флорентино Перез, тренерот Зинедин Зидан и голем дел од соиграчите не го сакаат во тимот.

Причината е јасна, има уште три години од договорот кој му носи дури 17 милиони евра по сезона.
Бејл им се доверил на дел од соиграчите дека нема намера да го напушти „Сантијаго Бернабеу“ бидејќи не сака да се откаже од огромната сума на пари која треба да ја добие, но и бидејќи му се допаѓа животот во главниот град на Шпанија.

Тој неодамна за весникот „Ас“ изјави дека во слободното време во Мадрид во наредните три години е подготвен да научи да игра голф, но и дека нема намера да се откаже од парите кои според договорот му припаѓаат.
Интерес за неговите услуги пројавуваат неколку англиски екипи, како Манчестер јунајтеди и Челси но немаат намера да му ја обезбедат истата плата која ја има во Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот