Бејл не се грижи за критиките: Луѓето не знаат што зборуваат

EPA-EFE/Juan Carlos Hidalgo

Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл успеа да го истера своето, не си замина од „кралскиот“ клуб иако беше јавно отпишан од тренерот Зинедин Зидан. Тој остана на „Сантијаго Бернабеу“ и дури настапи на сите три натпревари во Ла Лига.

– Задоволен сум од прикажаното на почетокот од сезоната. Иако добар дел од летото бев селен во разни клубови, мојата одлука беше позната многу порано, сакам да бидам дел од Реал Мадрид – вели Бејл.

Велшанецот им откри на новинарите дека не го потресе целата фама што се крена околу неговото заминување или останување во Реал Мадрид. Бејл со таквиот притисок се носеше така што не читаше или гледаше што се зборува илу пишува за него. Истиот рецепт го применува и по секој настап за Реал Мадрид.

– Не ги слушам критиките затоа што луѓето не знаат што велат. Многу луѓе не ја знаат ситуацијата, а се зборуваше многу, и добри работи и лоши работи – изјави Бејл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот