Бејл како позајмица повторно во Премиер лигата!?

twitter.com/THEBEAT999FM

Како што информираат денеска британските медиуми, велшкиот интернационалец после седум години ќе се раздели со Реал Мадрид, а е подготвен да се врати во својот поранешен клуб, Тотенхем.

Благодарение на неговите добри партии во лондонскиот клуб (56 голови, 58 асистенции во 203 мечеви), во 2013 година направи трансфер на „Сантјаго Бернабеу“ со чиј клуб успеа Герет Бејл да ги запише најголемите успеси во неговата клупска кариера.

Со „кралевите“ по двапати ги освои „Ла Лига“ и УЕФА Суперкупот, по еднаш Копа дел Реј, шпанскиот Суперкуп, трипати ФИФА Светското клупско првенство, а четирипати ја покори Лигата на шампионите.

Најавите се дека 31-годишниот Велшанецот повторно ќе биде дел од Премиер лигата. Главниот клуч е менаџерот Жозе Мурињо, после седум години Бејл се враќа во Тотенхем.

Бејл ќе помине една година на позајмица, Тотенхем ќе плати околу 15 милиони евра, ќе биде убедливо најплатениот играч во премиерлигашкиот клуб.

Има важечки договор со Реал до 30 јуни 2022 година (вредност според „Трансфермаркт“ 28 милиони евра), останува да се види дали следното лето Англичаните ќе го откупат играчот за симболична сума или можеби, доколку не се задоволни од игрите, да го вратат во Мадрид.

Сензација од Англија: Бејл преговара за кам-бек во Тотенхем

Мурињо го убедува првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви, дека Бејл му е потребен на тимот, после поразот од Евертон, и со него гарантира добра сезона и борба за топ 4. Леви го продаде Бејл на Флорентино Перез (претседателот на Реал Мадрид) за 110 милиони евра во 2013 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот