Бејл ја преферира Италија наместо Кина

EPA-EFE

Реал Мадрид со сите сили се обидува да го продаде Герет Бејл, кој пак не сака да го напушти тимот, и сè уште не е јасно каде ќе игра следната сезона.

Велшкиот репрезентативец кој беше поврзуван со враќање во Премиер лигата каде сериозен интерес пројавија Тотенхем и Манчестер јунајтед, деновите доби неверојатна побуда која изнесува еден милион евра неделна плата. Нормално, во прашање и Кина и екипата на Гуан од Пекинг кој му нуди речиси 55 милиони евра годишна плата.

Меѓутоа, медиумите во Италија и во Шпанија, денеска бомбастично објавија дека Герет Бејл започнал преговори со Интер. Тренерот на Интер, Антонио Конте кој е лут на управата бидејќи не му го ангажира ветените засилувања, во прв ред, Ромелу Лукаку од Манчестер јунајтед, дал зелено светло за евентуалниот ангажман на Бејл.

За очекување е двата клупа брзо да се договорат за обесштетувањето, но голем проблем во преговорите ќе престатвува платата на Бејл кој изнесува 17 милиони евра, сума која Интер нема намера да му ја даде.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот