Бејл искрено: Не разбирам зашто навивачите ме исвиркуваат

твитер

Фудбалерот на Реал Мадрид е изненаден и разочаран од односот на навивачите на „кралскиот клуб“. На секој натпревар на „Сантијаго Бернабеу“, речиси секој контакт со топката на Бејл е проследен со свирежи.

– Не можам да разберам зошто навивачите ме исвиркуваат кога не ми оди најдобро на теренот. Тоа уште повеќе ме фрустрира. Кога топката не ги слуша нозете, секој фудбалер очекува да добие поддршка од трибините. Во Мадрид тоа не е така, а посебно го чувствувам на своја кожа. Секако, придонесоа за тоа и медиумите, приказните дека повеже го сакам голфот од Реал, дека не играм со срце за клубот. Нема фудбалер кој не сака да победи и да му помогне на тимот. Но, и навивачите треба да бидат на истата страна – рече Бејл.

Велшкиот репрезентативец во Реал Мадрид пристигна во 2013 година од Тотенхем за 86 милиони фунти и освои четири титули во Лигата на шампионите, три пати триумфира во ФИФА светскиот куп, два пати во УЕФА Суперкупот и по еднаш во Ла Лига и Кралскиот куп.

Англиските медуими во последно време интензивно пишуваат дека Бејл на лето може да се врати во Премиер лигата каде голем интерес пројавува Њукасл, тимот кој го купи саудискиот принц Мохамед бин Салман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот