Бејл доаѓа во Скопје: Ќе дебитира за Тотенхем против Шкендија

твитер

Екипата на Тотенхем идниот четврток и гостува на Шкендија во третото квалификациско коло за Лигата на Европа, а тренерот Жозе Мурињо, ќе има супер засилување за овој натпревар.

На огромно задоволство на Мурињо и на навивачите на Тотенхем, Герет Бејл се согласи да потпише договор со тимот во Северен Лондон и неговото деби се очекува да биде токму на натпреварот против Шкендија.

Бејл се согласил да се врати во Тотенхем од каде во 2013 година премина во Реал Мадрид, откако вчера одигра партија голф со претседателот Даниел Леви.

Бејл сигурно нема да настапи за Тотенхем на неделниот натпревар од Премиер лигата против Тотенхем, но сигурно ќе биде во конкуренција за настап против Шкендија.
За очекавање е Мурињо да му даде можност да Белј да заигра во финишот од натпреварот бидејќи има проблеми со кондицијата.

Освен Бејл, за Тотенхем во Скопје се очекува да дебитира уште еден нов фудбалер кој доаѓа исто така од Реал Мадрид, бекот Регулион. Понудата на англискиот тим од речиси 30 милиони евра е прифатена и иако бекот сакаше да заигра за Севиља, викендов се очекува да ги помине лекарските прегледи и да биде претставен како ново засилување за Тотенхем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот