Бејкинг-техниката за шминкање која ќе ве воодушеви!

Фотографија: Instagram

Најверојатно веќе знаете како да направите контури на лицето или како да постигнете совршен „зачаден“ поглед, но постои една техника на шминкање која се уште треба да ја научите и вклопите во вашиот процес на шминкање, а тоа е бејкинг.

Бејкинг или таканаречено, „печење“ на лицето со пудра во прав, е чекор во шминкањето кој ќе го промени вашиот целокупен изглед. На интернет постојат бројни видеа кои детално ќе ви објаснат како се изведува техниката, а во продолжение можете да прочитате што всушност претставува и кои се чекорите за да се постигне.

Instagram

Што е бејкинг?

Бејкинг е израз кој веќе со години се користи во бјути-заедницата, а се однесува на тоа да ја оставите пудрата во прав да седи на вашето лице 5 до 10 минути, допуштајќи и на топлината од вашето лице да ги сетира пудрата и коректорот. Откако пудрата ќе остане некое време на вашето лице, едноставно тргнете го вишокот производ со четката. Толку е едноставно, а сепак ви дава беспрекорен завршен изглед во шминкањето.

Како се изведува бејкинг?

Првиот чекор е нанесување на хидратантна крема, пред било што да ставите на лицето, особено околу очите. Битно е да се има мазна и хидратирана површина околу очите, така што ќе се намалат брчките и ситните линии.

Втор чекор е нанесување на течна пудра, па врз неа дебел слој на коректор како би ги сокриле сите несакани неправилности. Ако не сте задоволни со прекривањето нанесете и уште еден слој од коректорот. За се да изгледа поприродно, користете бјути блендер или некој друг вид на влажно сунѓерче.

Третиот чекор е нанесување на проѕирна, „транслусент“ пудра, со помош на четкичка во вид на лепеза, низ целото лице.

Четвртиот чекор е самиот бејкинг. Влажното сунѓерче или четката испрскана со фиксатор потопете ја во „транслусент“ пудрата во прав и слободно нанесете колку сакате врз штотуку нанесениот коректор, оставете да делува од 5 до 10 минути.

После бејкингот време е вишокот пудра во прав да се отстрани. Со четкичката во форма на лепеза, нежно поминете преку лицето и отстранете го вишокот. Ако сакате додатна прикриеност, четкичката претходно може да ја потопите во камена пудра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот