Јужнокорејски државјанин пребега во Северна Кореја

Јужнокорејски државјанин пребега во Северна Кореја, што е редок случај некој да се одлучи да живее во таа авторитарна земја, објави Би Би Си.

Чое Ин-гук (73) е син на двајца високорангирани јужнокорејски дипломати, кои, исто така, пребегале во Северна Кореја во 80-те години од минатиот век. Тој ќе живее во Северна Кореја и ќе работи на обединување на двете Кореи.

Бегството од Јужна Кореја во Северна Кореја е многу редок случај.

Двете земји се технички се уште во војна и на јужнокорејските државјани им е потребна посебна дозвола за да ја посетат Северна Кореја.

Доколку Чое ги прекршил јужнокорејските закони и не побарал дозвола, тој би можел да биде уапсен ако некогаш се врати во Јужна Кореја. За неговиот личен живот и политичките ставови се знае многу малку.

Севернокорејските медиуми пишуваат дека официјалните претставници на Северна Кореја го дочекале 73-годишниот Чое многу срдечно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот