Бегството на Михајлов од Бугарија со фашистичката помош и ликот на Владо „Шоферот“ (2)

Поврзаноста на Ванчо Михајлов со атентатот во Марсеј / Колаж: Слободен печат - Иван Самарџиев

Изборот на Ванчо Михајлов на докажаниот егзекутор Владо „Шоферот“, не бил случаен. Станува збор за Величко Георгиев Керин, односно Владимир Черноземски, роден на 19 октомври 1897 година во село Каменица. Бил член на автономистичката ВМРО и еден од најискусните атентатори на Организацијата.

Така избила таканаречената „Афера Перчец“ во која танчарката и анимир-дамата на загрепските ноќни клубови Јелка Погорелец извесен период станала главна тема на југословенската политичка и публицистичка сцена.

Всушност, „Аферата Перчец“ била доброосмислена и координирана активност на тајната полиција од Белград и од Загреб, а со помош на Воената разузнавачка служба на Кралството Југославија. Таа разузнавачка операција била реализирана како противакција на антијугословенските хрватски емигрантски кругови, силно поддржани од унгарската и италијанската влада. Брошурата и новинарските написи на Јелка Погорелец објавени во Загреб, им биле потребни на југословенската влада и разузнавачките служби како основа за обвинување пред меѓународната јавност на Унгарија и Италија за помагање на терористички групи на своите територии.

Фактички, со „Аферата Перчец“, значително биле комплицирани односите на Југославија со Унгарија, а во тој период имало константна напнатост на меѓусебната гранична линија. Во април 1934 година Белград поднел официјална жалба до Лигата на народите. Унгарскиот регент Хорти исто така поднел тужба пред Лигата. Таму била формирана комисија што требало да го испита случајот со усташките терористички кампови во Унгарија. Како резултат на тоа, во мај 1934 година унгарските власти биле принудени набрзина да го затворат кампот и привремено да ги преместат усташите во Велика Канижа. За неколку денови „Јанка Пуста“ успешно била напуштена од сите „жители“, со помош на воени камиони на унгарската држава. Оттаму, меѓународната комисија што го посетила „наводниот“ усташки логор, известила дека информациите за терористичкиот камп не биле точни.

Ванчо Михајлов и Анте Павелиќ

Во секој случај, пред да биде затворен, во кампот бил подготвен специјалниот тим за извршување на атентатот во Марсеј врз Луј Барту и Александар Караѓорѓевиќ, од екипата во состав Владо Черноземски, Иван Раиќ, Звонимир Поспишил и Мијо Краљ.

Поврзаноста на Михајлов и соработката на михајловистичката ВМРО со фашистичките европски сили се гледа и од тоа што самиот Михајлов илегално пребегал во Турција во 1934 година, со помош на Валтер Брел, дописник на Германската телеграфска агенција во Софија. Заедно со сопругата, Михајлов со лажни документи се обидел пред турските власти да се претстави како политички бегалец од Бугарија, односно како приврзаник на Бугарскиот земјоделски народен сојуз. Меѓутоа, од турските власти Ванчо и Менча биле точно идентификувани и затворени најнапред на островот Инали Ада, потоа во селото Тас во Анадолија, во близина на Кастамуни. Оттаму, во 1938 година, повторно со нацистичка помош и со посредство и во организација на полскиот амбасадор во Софија, Адам Тарновски, Ванчо Михајлов и неговата сопруга заминале од Турција и станале persona grata во Варшава, при режимот на маршалот Пилсудски.

Нацистичкиот министер Јозеф Гебелс и полскиот диктатор Јозеф Клеменс Пилсудски во Берлин, 1934 година

Во овој контекст, со цел да се сфати антикомунистичката и фашистичка меѓународна „солидарност“, треба да се напомене дека Јозеф Клеменс Пилсудски бил познат антикомунист и русофоб и бил еден од иницијаторите на војната против Советска Русија (1920 – 1921). Во 1926 година организирал успешен воен удар во Полска, по што станал диктатор и двапати премиер (1926 – 1928 и 1930 година). Оттогаш па сѐ до смртта, тој се занимавал со организирање политички, терористички и дипломатски акции против Советскиот Сојуз и се претворил во соработник и поддржувач на нацифашизмот. Во 1934 година склучил десетгодишен пакт за соработка и ненапаѓање со Хитлер. Бил на власт во Полска сè до неговата смрт во 1935 година.

Владо „Шоферот“ Черноземски

Во почетокот на 1932 година Анте Павелиќ побарал од Михајлов во логорот „Јанка Пуста“ да испрати ново лице како инструктор за вршење атентати. Во јули 1932 година, Михајлов предложил тоа да биде Владо „Шоферот“, прецизирајќи дека „оваа личност не треба да биде жртвувана за помала цел од Бедековиќ или од некој жупан или истакнат генерал“. Ванчо во оваа пригода зборувал за Јанко Бедековиќ (1885 – 1938), кој бил шеф на загрепската полиција од 1924 до 1938 година, а кој особено немилосрдно се пресметувал со политичките противници, комунистите и усташите, на кралскиот југословенски режим.
Изборот на Ванчо Михајлов на докажаниот егзекутор Владо „Шоферот“, не бил случаен. Станува збор за Величко Георгиев Керин, односно Владимир Черноземски, роден на 19 октомври 1897 година во село Каменица. Бил член на автономистичката ВМРО и еден од најискусните атентатори на Организацијата. Уште во 20-тите години на 20 век се вклучил во четата на Иван Брљо и со неа неколкупати ги обиколил штипските и кочанските реони во Вардарскиот дел на Македонија. Учествувал во големиот напад врз српската воена единица во близина на селото Љуботен, Штипско, во кој биле убиени 30 српски војници. На 12 ноември 1924 година го убил комунистичкиот пратеник во бугарското народно собрание и истакнат член на поранешната илинденска Македонска револуционерна организација, Димо Хаџи Димов. Во 1928 година бил осуден на 15 години затвор, но набрзо бил амнестиран. На 2 декември 1930 година го убил и познатиот функционер на протогеровистичкото крило на автономистичката ВМРО, Наум Томалевски. На 24 април 1931 година бил осуден од Софискиот окружен суд на доживотен затвор. По амнестијата на 5 јануари 1932 година, бил ослободен од затворот, па набрзо преминал во илегалство и ја напуштил земјата.

(продолжува)

ПРОЧИТАЈТЕ ГО ПРВИОТ ДЕЛ:

ВМРО на Ванчо Михајлов и усташите на Анте Павелиќ (1)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот