Бегалец од Интерпол уапсен на „Блаце“

Интеропол/Фото: ЕPА-EFE

Педесет и едногодишниот М.Т. од Велика Британија кој е баран од Интерпол е уапсен вчера на преминот „Долно Блаце“. Според МВР, бегалецот кој се наоѓал на листата „Апси“ вчера околу 11.30 часот се обидел да влезе во земјава, но бил откриен уште на самата пасошка контрола. За брзо време тој е уапсен, по што е пренесен во Скопје од каде ќе им биде предаден на претставниците на Интерпол за понатамошна постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот