Бегалецот Штекли е екстрадиран во РС Македонија, се поврзува и со убиството на фудбалерот Јанушев

Раде Трајковски - Штекли, бегалец баран со меѓународни потерници/ Фото: МВР

Српската полиција вчера им го предаде на македонските власти Раде Трајковски – Штекли, бегалец баран со меѓународни потерници кој се бара за издржување на казна затвор за тешки телесни повреди. Неофицијално неговото име се поврзува и со убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев.

Екстрадицијата на Трајковски вчера беше спроведена со асистенција на Интервентната полиција, по што тој беше спроведен во Истражниот затвор во Шутка.

За убиството беше осомничен и обвинет Филип Секуловски- Кобра, кој беше уапсен по две години бегство. Кога се случи немилиот настанот, и името на 37 -годишниот Штекли неофицијално се поврзуваше со убиството, односно медиумите тогаш објавуваа дека Секуловски пред да го убие Јанушев се сретнал со Штекли.

Но, за ова официјални информации нема, ниту пак тој е обвинет за убиството кое беше извршено на 3 ноември 2017 година, кога осудениот Кобра излегол на викенд од затворот каде што издржувал казна за трговија со дрога.

Според пресудата, со која беше осуден на 9 години и четири месеци затвор, Секуловски попладнето стигнал пред зградата каде што живеел Јанушев, откако претходно го повикал „да се пресметаат”.

„Трајковски се бара по потерница на Основниот суд-Скопје 1, по член 131 став 1, во врска со член 22 од КЗ, за издржување на казна од 6 месеци”, пишува на сајтот на МВР.

Тој беше фатен во Белград на почетокот на септември минатата година, а вчера е екстрадиран во земјава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот