Бегај в понеделник во Косово, во прва официјална посета на една држава како претседател на Албанија

Бајрам Бегај
Бајрам Бегај / Фото: Фејсбук, Бајрам Бегај

Новиот претседател на Република Албанија, Бајрам Бегај ќе го посети Косово в понеделник, 15 август, на покана на неговата косовска колешка, Вјоса Османи, што ќе биде негова прва официјална посета на една држава по преземањето на функцијата на чело на Албанија на 24 јули годинава, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што соопшти кабинетот на Османи, таа го поканила Бегај да го посети Косово, по повод почетокот на неговиот мандат како претседател на Албанија.

Според агендата, Бегај в понеделник претпладне ќе биде пречекан од Османи со високи државни почести на плоштадот, по што двајцата претседатели ќе имаат билатерална средба, по што ќе дадат изјави за медиумите.

За време на престојот во Приштина се очекува Бегај да има средби и со други челници на косовските институции.

Бајрам Бегај, роден 1967 година, по професија професор и специјалист по медицина, ангажиран и во албанската армија, беше избран од Собранието на Албанија за претседател на Републиката на 4 јуни, а должноста од неговиот претходник, Илир Мета ја презеде на 24 јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот