БЕГ поради прописите на Регулаторна не им пушта парно на граѓаните, за да не им биле големи сметките

Високите температури, невообичаени за ноември ја запреа испораката на топлинска енергија, поради  што граѓаните реагираат на социјалните мрежи.

Незадоволни граѓани се обратија и до редакцијата на „Слободен печат“, тврдејќи дека БЕГ не испорачува топлинска енергија до нивните домови, иако веќе три недели е почната грејната сезона.

– Иако преку ден е топло, навечер е ладно, па приморани сме да вклучуваме клима за да се стоплиме, иако уредно плаќаме сметки за парно греење – се вели во една од пораките.

Зошто не испорачуваат топлинска енерегија прашавме во БЕГ, од каде што добивме одговор дека тоа е за да се избегне нерационално зголемување на сметките на потрошувачите.

„Вчеравечер температурата во Скопје беше 18 степени. Испораката на топлинска енергија до потрошувачите се врши по строго утврдени правила во зависност од атмосферските услови и надворешните температури. Овие правила се утврдени во регулативата за испорака на топлина до потрошувачите пропишана од Регулаторната Комисија за Енергетика. Во исто време, со овие правила на испорака се обезбедува оптимална потрошувачка на топлинска енергија со минимални трошоци за греење на корисниците, односно, корисниците плаќаат колку што потрошиле. Тоа што сега не се испорачува топлинска енергија, ќе значи помал трошок за сите корисници, односно поради воведното авансно плаќање, на крајот од грејната сезона, по направените пресметки и анализи, доколку се потврди дека некое домаќинство платило повеќе од потрошеното, ги враќаме парите на трансакциска сметка“, ни одговорија од БЕГ.

Што се однесува пак до плаќањето во текот на 12 месеци, од БЕГ информираат дека тоа е одлука на самите корисници, но доколку некој сака да плаќа само во текот на грејната сезона, тоа ќе му биде овозможено, со таа разлика што сметките ќе бидат повисоки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот