БЕГ: Исклучените од парно да пополнат формулар дека се исклучени од системот

Парно греење, Фото, Архива

Исклучените потрошувачи треба до 31.05.2019 да пополнат форумулар од снабдувачот и одобрен од регулаторната комисија, како и пропратна документација – велат од БЕГ. Компанијата ги известува потрошувачите околу целата постапка како да добијат статус на искучени потрошувачи од следната грејна сезона.

„Сакаме да Ве информираме за новините во Правилата за Снабдување со топлинска енергија (Службен весник бр.65/19) кои се применуваат од 01.04.2019 година.

Имено, според новите правила „сопственикот на посебен дел во станбени, станбено-деловни, деловно-станбени и деловни објекти каде распределбата на надоместокот се врши преку еден мерен уред, кој живее или го користи објектот и е исклучен од системот за централно греење, е обврзан тоа да го докаже со приложување на валиден документ (лична карта и имотен лист) после што нема обврска да го плаќа надоместокот за ангажирана топлинска моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија, кој се определува согласно Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија. Сопственикот кој не живее или не го користи посебниот дел за деловни потреби, има обврска да го плаќа надоместокот за ангажирана топлинска моќност, согласно тарифниот систем за продажба на топлинска енергија.“

Во согласност со новата регулатива, почнувајќи од 1-ви април 2019, исклучените потрошувачи за да го остварат правото и добијат статус на исклучен потрошувач кој нема обврска за плаќање на месечен надоместок за ангажирана топлинска моќност, потребно е да пополнат формулар изготвен од снабдувачот и одобрен од РКЕ и да ги приложат предвидените валидни документи (копија од имотен лист не постар од 30 дена и лична карта на увид), најдоцна до 31.05.2019 во наплатните центри.

Барањата поднесени по 31.05.2019 ќе бидат земени во предвид за одобрување на статус на исклучен потрошувач кој нема обврска за плаќање на надоместок за ангажирана топлинска моќност веќе за следната грејна 2019/2020 сезона, се вели во соопштението на Балкан Енерџи Груп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот