Беџет Пацоли ќе гради катни и подземни гаражи во Чаир, вели дека ќе вложи 50 милиони евра

Потпишување на договор за изградба на гаражи / фото: Општина Чаир

Познатиот косовски бизнисмен Беџет Пацоли најави дека ќе инвестира над 50 милиони евра за изградба на катни и подземни гаражи во Општина Чаир.

– Денеска почнуваме со едно историско поглавје за општина Чаир, затоа што токму денеска го отвораме патот на една стратешка инвестиција и многу важен за градење на катни и подземни гаражи во повеќе локаци на нашата општина. Една од тие локаци е и Плоштадот „Скендербег”, изјави градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу.

Според него уште поважно е дека стратешки партнер во изградба на овие катни гаражи ќе биде светската позната фирма „Мабетекс”, на познатиот бизнисмен Беџет Пацоли. Сумата на инвестицијата е повеќе од 50 милиони евра.

Градоначалникот Ганиу истакна дека гаражите ќе бидат модерни и по светски стил.

– Гаранцијата на овие гаражи е во рацете на глобалата фирма „Мабетекс”, која секој договор до сега го има завршно со најголема сериозност во предвидено време, без никакво задоцнување и во голем ниво на квалитет. Новите гаражи ќе обезбедат над 3000 илјади нови места за паркирање, изјави Ганиу.

На прашањето дали оваа инвестиција ќе се реализира без оглед на тоа кој ќе биде следниот градоначалник на Чаир, Ганиу истакна дека гаражите се приоритет на Општина Чаир, и без разлика кој ќе дојде на чело на општината, тоа е реален проблем и треба да се реши.

Бизнисменот Пацоли, при потпишување на Меморандум со Општина Чаир и Град Скопје, рече дека е задоволен што ова инвестиција ќе се реализира во Скопје и дека само преку проекти и работа може да се смени животниот стандард.

– Јас во Косово имам отворено над 6000 работни места. Со два огромни проекти моментлано сум во Албанија и сум презадоволен што сум во Скопје, исто така со еден проект многу голем за изградба на модерни гаражи на еден сосема различен прицип. Инвестиција е над 50 милиони евра и секогаш внимавам работата да се прави со достоинство и резултатите на таа работа да бидат во функција на градење на Северна Македонија, рече Пацоли.

Тој додаде дека е познат како човек кој секогаш ги исполнува своите ветувања и дека е уверен ова средба и потпис ќе се реализира во предвидено време.

Инаку, прашањето за изградба на катни гаражи во Општина Чаир беше еден од главните ветување на Висар Ганиу, кој со одлука на ДУИ е повторно кадидат за нов мандат во Чаир. Причина за нереализирање на ова ветување од Општина Чаир го гледат во неусвојување на Деталните урбанистички планови предложени од нив.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот