Беџети: Заев ми вршеше притисок да влијаaм на Судскиот совет

Фото: Слободен печат

Градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети денеска на средба со медиумите го објасни подетално случајот околу кањонот Матка.

Беџети вели дека врз него е вршен притисок да влијае на одреден број судии во Судскиот совет при изборот на судија во одреден суд од премиерот Зоран Заев, кој тоа од него го побарал на 17  јули годинава.За кој судија станува збор, Беџети не кажа.

– Јас барањето на премиерот Заев го одбив и за две недели по тој повик се јави Антикорупциска која за мене е корумпирана комисија и покрена постапка за мене – рече Беџети.

Тој кажа дека кон него во изминатиов период се прави политички притисок. Вели дека прво премиерот Заев му се јавил и барал од него да ги поништи легализациите на дивоградбите. Како што кажа Беџети, Заев преку неговиот шофер му ја пратил целата документација за платформите на Матка. И градоначалникот Петре Шилегов барал од него да се урне една платформа а другите две да останат.

– Јас тогаш тој повик од Заев го сфатив како добронамерен за решавање на ова прашање. Втор чуден момент ми беше кога Шилегов ми рече да уривам една платформа и да завршиме со тоа. Па после дојде одлуката на Антикорупциска, која нема ниту еден правен момент и тоа ќе го докажам покренувајќи кривична пријава против претседателката и одредени членови“, рече Беџети на денешната прес-конференција – вели Беџети.

Беџети кажа дека за ваквите притисоци од премиерот Заев не го информирал претседателот на ДУИ, Али Ахмети, бидејќи бил на одмор. Во МВР и ЈО не пријавил, но доколку е потребно ќе го направи тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот