Беџети: Нема регистрирано заболен со Ковид – 19 во Сарај, 34 лица во самоизолација

Фото: Слободен печат

Блерим Беџети, градоначалникот на Сарај во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ изјави дека се почитуваат мерките за заштита предложени од Владата.

-Немаме регистрирано граѓанин со КОВИД-19 во Сарај. Ноќта добро помина, се почитуваат здравствените и безбедносните мерки. Општината презеде многу активности за дезинфекција. Училиштата, градинките, патиштата, верските објекти и улиците се опфатени со оваа здравствена мерка. Во координација сме со сите општини и градот Скопје, рече Беџети.

Во Сарај има лица кои се во самоизолација и постои одлична соработка со стопанствениците.

-Граѓаните на Сарај во главно ја почитуваат мерката за вонредната состојба. Имаме 34 лица во самоизолација. Сериозноста е сфатена. Со стопанствениците имаме одлична соработка. Во маркетите има се што е неопходно, додаде Беџети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот