И официјално: Алекса Бечиќ е избран за нов претседател на црногорскиот Парламент

Фото: vijesti.me

Лидерот на Демократска Црна Гора, Алекса Бечиќ со мнозинство гласови e избран за претседател на новиот состав на Парламентот на Црна Гора. Toj беше предложен од трите победнички коалиции, кои ќе формираат нова влада воземјата. За него гласаа 45 од вкупно 71 пратеник.

Демократска Црна Гора објави потпишан документ со кој од претседателот Мило Ѓукановиќ се бара мандатот за состав на нова влада да му го додели на Здравко Кривокапиќ, носител на коалициската листа „За иднината на Црна Гора“.

Документот со потписи на пратениците кои ќе го поддржат предлогот на Демократски фронт, коалицијата „Црно на бело“ на Дритан Абазовиќ и коалицијата на Бечиќ е објавен на Твитер налогот на Демократите.

Со тој предлог, како и со изборот на Бечиќ за претседател на Парламентот, трите победнички коалиции докажаа дека остануваат посветени на договорот за формирање нова влада во Црна Гора по 30 годишното владеење на ДПС на Мило Ѓукановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот