Бебињата проодеа, дрво со свое име во Скопје не добија

Фото: Profimedia

На почетокот на април 2018 година, Градот Скопје потпиша меморандум за соработка со ЈП „Паркови и зеленило“ и претставници на гинеколошките клиники во Скопје за учество во проектот „Дрво за секое дете“. Со овој проект им се овозможува на граѓаните да засадат дрво во чест на раѓањето на нивното бебе на некој од градските дрвореди, паркови или скверови, а на самото дрво треба да има плочка каде што ќе го пишува името на детето и датумот на раѓање.

Една година по најавата, проектот не е ни започнат, иако има заинтересирани граѓани. Според информациите од Град Скопје, досега се пријавиле 324 родители кои сакаат да засадат дрво за своето новороденче на кое ќе стои плочка со неговото име. Но, плочки нема.

– Дрвјата од проектот е предвидено да бидат засадени во сите општини – во паркови и на главни улици, како и во блоковското зеленило на општините. Во моментов се работи на набавка на плочките и по нивната набавка ќе може да се започне со реализација на овој проект – велат од Град Скопје.

Плочките веќе една година се чекаат, а колку се сериозни за исполнување на овој проект од Град Скопје останува да се види. Од Градот лани летото најавија дека првите дрва ќе се засадат во есенската акција за садење, но тоа не се случи. Сега не прецизираат кога ќе започне реализацијата на проектот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот